Тројца македонски полицајци итно пренесени на скопските клиники


Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 03.09. 2026 околу 13:00 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „МГ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот М.М. од Кичево, и „шкода“, сопственост на МВР, управувана од 31-годишниот Н.Ѓ. од Скопје.

Во судирот со телесни повреди се здобиле возачот на службеното возило и неговите сопатници Т.Џ.(35) од Батинци и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници.

Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје

Back to top button
Close