Тројца пакистански војници загинаа во прекуграничен напад од Авганистан

Најмалку тројца пакистански војници беа убиени од терористи кои извршија прекуграничен напад од Авганистан, соопшти денеска пакистанската војска.

Милитантите отвориле оган врз војниците во провинцијата Хајбер Пахтунхва, пренесува ДПА.

– Во размена на оган загинаа тројца војници … Пакистан силно ја осудува употребата на авганистанска територија од страна на терористите за активности против Пакистан и очекува авганистанската Влада да не дозволи спроведување на такви активности во иднина, се вели во соопштението.

Back to top button
Close