Тупанчески: Изјавата на Црвенковска за судско-бизнис елита треба да нè загрижи сите

Изјавата на Павлина Црвенковска која по поднесувањето на оставка од претседателка на Судскиот совет рече дека постои судко-бизнис елита треба да нè загрижи сите, смета министерот за правда Никола Тупанчески.

Министерот ја повика Црвенковска, доколку тврди дека постои такво нешто, тоа да го пријави во институциите.

„Јас уште кога дојдов како министер првата моја реакција или коментар беше дека ова е година што ќе биде прилично турбулентна во однос на она што ќе се случува во правосудниот сектор. Кога велам турбулентна, мислам на изборот на функции на различни нивоа. Ова практично претставува изборна година во правосудство и можам слободно да кажам импликациите и она што се случува ќе значи дека ќе има консеквенции во наредните четири години, се избира прв човек на ОЈО ГОКК, ја слушнавме и изјавата на претседателката на едно од најмоќните тела во државата кога станува збор за правосудството. Тоа е Црвенковска, таа поднесе оставка, меѓутоа имаше одреден коментар кој не само мене, сите треба да нè загрижи. Коментарот на нејзиниот коментар би бил дека добро ќе биде, ако навистина таа го тврди тоа, добро ќе биде да го пријави во институциите“,изјави Тупанчески.

Претседателот на најголемиот суд во земјава, Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, пак, немаше коментар.

„Немам коментар, не би можел да се произнесам по ова прашање. Тоа е прашање што може да го упатите до Судскиот совет. Не ми е познато, немам коментар“,рече Џолев.

На дополнително прашање дали се сомнева дека во кривичен постои таква „елита“, тој одговори:

Не се сомневам дека има такво нешто во Кривичниот суд, сепак, ви реков дека можеби треба да се обратите до Судскиот совет за појаснување“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close