Турски трговски брод бил погоден од руски ракети, при што загинаа пет лица, соопшти украинската морнарица


Турски трговски брод бил погоден од руски ракети, при што загинаа пет лица, соопшти украинската морнарица, цитирана од агенцијата Франс прес.

Судбината на пет други членови на екипажот останува непозната.

Бродот, кој превезувал жито, бил погоден од три крстосувачки ракети „додека ја напуштал борбената зона“. Осум лица биле евакуирани во болница во Одеса, на брегот на Црното Море.

Back to top button
Close