Њујорк тајмс: Меланија Трамп поминала само 14 денови во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, поминала само 14 дена во Белата куќа откако претседателот Доналд Трамп е инаугуриран пред 108 дена, објави „Њујорк тајмс“.

Повикувајќи се на информирани извори, весникот наведува дека престојот на Меланија во Вашингтон е една од најчувствителните теми за администрацијата.

„Како да ја имате Грета Гарбо за прва дама“, пишува весникот.

Официјалните лица велат дека Меланија поминува повеќе време во Белата куќа отколку што јавноста сфаќа, но весникот потсетува дека таа е надвор од видното поле со недели и поминува време во Трамп Тауер во Њујорк или во имотот Мар-а-Лаго во Флорида.

„Не сме виделе толку дискретна прва дама уште од времето на Бес Труман, а тоа датира од пред речиси 80 години“, вели Катарина Елисон, историчарка на Државниот универзитет во Охајо, која ги проучувала првите дами. „Се чини дека едноставно сакала приватност“, додаде таа.

Истото важи и за сегашната прва дама. Меланија ангажирала персонал за работа во Источното крило на Белата куќа, но ретко ја посетува канцеларијата. Дури и персоналот на Мар-а-Лаго не ја гледа често околу резиденцијата, објави весникот.

Back to top button
Close