У18: Македонската репрезентација в четврток гостува во Србија

Македонката машка фудбалска репрезентација до 18 години неделава ќе ѝ гостува на соодветната селекција на Србија во контролен натпревар.

Како што е соопштено, натпреварот е закажан за в четврток со почеток во 14 часот на теренот на Спортскиот центар на Фудбалската федерација на Србија во Стара Пазова.

За македонските фудбалери претстојно гостување во Србија ќе биде продолжение на подготовките во рамки на кои на почетокот на овој месец одиграа два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.

На првиот дуел во Бар, македонската репрезентација загуби со 0-3, а на вториот натпервар му се реваншираше на противникот со триумф од 2-1.

Back to top button
Close