Уапсен 16-годишник осомничен за кражби во тетовски џамии

Полицијата во Тетово приведе 16-годишен малолетник осомничен за серија кражби во неколку џамии во градот.

Screenshot

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека малолетникот бил лишен од слобода на 19 мај околу 18 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово, поради сомнение за кривично дело „тешка кражба“.

Според информациите, тој во изминатите две недели извршил кражби во повеќе џамии, а последниот случај бил во џамија на улицата „176“ во Тетово, каде со употреба на сила ја скршил металната каса за донации и одзел пари.

Back to top button
Close