Уапсен 22-годишен Данец за пукањето во трговски центар во Копенхаген

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено во врска со пукањето во трговскиот центар Филдс, во Копенхаген, кој се наоѓа во близина на градскиот аеродром, пренесува агенцијата АП.

Шефот на полицијата, Сјерен Томасен, потврди дека е уапсен 22-годишен Данец.

Тој додаде дека мотивот не е јасен, но дека не може да се исклучи „терористички чин“.

Томасен на вечерашната прес-конференција рече дека се уште е рано да се каже точно колку лица се повредени во нападот, но изјави дека нема индиции дека има повеќе напаѓачи.

Очевидци велат дека луѓето плачеле и се криеле во продавниците.

Британскиот пејач Хари Стајлс треба да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време. Организаторот на концертот сѐ уште не одговорил.

Back to top button
Close