Приведен е Дрин, внук на Али Ахмети и новиот газда на „Соравија“
Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“.
Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.
Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.
Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде до овој момент немаме никакви информации. Прашања упативме и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.
Видеото погледнете го тука
Дополнето https://libertas.mk/mvr-so-detali-za-priveduva-eto-na-vnukot-na-ahmeti-vo-voziloto-se-prona-deni-pirotehnichki-sredstva/