Уапсен криумчар на мигранти на патот Куманово-граничен премин „Табановце
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера е приведен криумчар на мигранти на автопатот Куманово-граничен премин „Табановце“.
„На 07.08.2023 во 15.55 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, пред село Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје. При преглед во возилото ’фолксваген пасат’ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце“, соопшти МВР.
Според полицијата Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.