Уапсен осомничениот за смртоносните напади врз бездомници во предградие на Ванкувер

Осомничениот е притворен, соопшти канадската полиција по неколкукратните пукања врз бездомници денеска во населбата Ленгли, што е предградие на Ванкувер.

Кралската коњичка полиција соопшти дека било пукано главно во центарот на Ленгли, а претставничката на полицијата Ребека Парслоу изјави дека нема информации за состојбата на ранетите жртви од нападот, пренесоа американските медиуми.

Локалните медиуми утринава јавија дека неколку луѓе се убиени во масовно пукање во провинцијата Британска Колумбија, а локалната полиција издаде итно предупредување и ги замоли жителите да бидат внимателни и советувани да се држат подалеку од критичните локации, претходно јавија британските медиуми.

„Повеќе истрели во центарот на Ленгли со еден инцидент во кој има жртви”, наведе полицијата во предупредувањето испратено до жителите на Британска Колумбија.

Портпаролот на канадската кралска коњичка полиција за мрежата Си-Би-ЕС изјави дека неколку луѓе се убиени, но не го прецизираше нивниот број.

Жртвите биле бездомници, а полицијата верува дека нападот бил планиран, пренесоа канадските медиуми.

Back to top button
Close