Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина


Кусо пред почетокот на финалето на Евролигата меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во Атина, грчката полиција при контролите за влез во салата, досега уапси 12 лица и приведе 16 навивачи на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина.

Од уапсените, девет лица се поради поседување дрога, еден бил со димна бомба, еден пружал отпор кон полицијата, а едно лице се обидело да влезе со фалсификувана акредитација.

Паралелно приведени се и 16 навивачи на Олимпијакос, бидејќи се обиделе да влезат во салата без да имаат билет.

Од полицијата нагласија дека контролите ќе продолжат со несмален интензитет во текот на целото финале и потсетија дека нема да се толерираат какви било обиди за прекршување на безбедносните правила.

Back to top button
Close