Уапсени двајца од Камерун на скопскиот аеродром. Се обиделе да внесат милион фалсификувани евра

 Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознава МИА од извори на истрагата.

Според  извори на МИА, тие во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре. 

Back to top button
Close