Убиецот бил шизофреничар: Руските лекари се борат за животот на 9 деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други, боледувал од шизофренија, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјавата на министерот за образование.

Во нападот загинаа 11 деца и четворица возрасни, а лекарите се борат за животите на уште девет деца, кои беа тешко повредени во престрелката.

Мотивот за нападот не е познат. Она што е познато е дека Казанчев одел во тоа училиште во 1988 година.

Тој утрово, околу 10 часот по локално време, вооружен влетал во училиштето, убил двајца чувари, кои се обидувале да го спречат, а потоа влетал во училница и почнал да пука по што се самоубил.

Носеше црни панталони и црна маица со нацистички симболи, како и фантомка.

Back to top button
Close