(Видео) Убиен 25-годишен маж во скопски Дуќанџик, бил застрелан во телото и главата

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик, пренесе 48часа.

Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.

.

По пукањето, екипа на Итната медицинска помош го пренела на Ургентниот центар во Скопје. И покрај обидите на лекарите да му укажат медицинска помош, тој починал од здобиените повреди.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, ниту за идентитетот на сторителот и можниот мотив.

Се очекува Министерството за внатрешни работи да соопшти повеќе детали за случајот

Back to top button
Close