Убиен познат рапер, близок пријател на Џастин Бибер

Познатиот рапер Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси откако бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.

Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.

Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.

32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се опрости од него.

“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.

Back to top button
Close