Угина и мајмун во скопската Зоолошка

По смрта на седумте Берберски овци, во скопската Зоолошка починал и мајмун од расата патас.

Од Зоолошката соопштија дека инспектор од Агенција за храна и ветеринарство и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина ја отпочнале постапката за обдукција на угинатите единки.

– Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и по добивање на резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните, беше наведено во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Зоолошката градина.

 

Back to top button
Close