Украинската армија повлече акредитации на западни новинари поради известување од Херсон

Украинската војска ги повлече акредитациите на неколку западни новинари по нивното известување од неодамна повторно заземената област Херсон, соопштија денеска официјални лица.

„Неодамна, некои претставници на медиумите ги игнорираа постоечките забрани и предупредувања и почнаа да известуваат од Херсон без согласност на воените команданти и релевантните сектори за односи со јавноста, дури и пред да бидат завршени мерките за стабилизација“, објави главниот штаб на Фејсбук, објаснувајќи ја мерката.

 

Според извештаите на медиумите, најмалку шест дописници на Си-Ен-Ен и Скај њуз ја изгубиле акредитацијата.

Според украинскиот медиумски портал „Detector.media“, на двајца новинари од украинскиот интернет канал „Hromadske“ им биле одземени и воените ингеренции поради известување од Херсон.

Руската армија кон крајот на минатата недела се повлече од северозападниот дел на регионот Херсон, вклучувајќи го и регионалниот главен град.

Војската заради претпазливост полека навлегува во тие области.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека една од најважните итни мерки е деминирање на Херсон и околните области.

Back to top button
Close