Украинскиот парламент се заблагодари за хуманитарната помош од фондацијата на Заев

Врховната Рада на Украина (Парламентот) на социјалните мрежи изрази благодарност до фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев за хуманитарната помош што ја испрати во оваа земја.

„Многу сме благодарни на луѓето од оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори“,се вели во Фејсбук статусот на Врховната Рада на Украина во кој се упатува благодарност кон Заев.

Порано денеска, експремиерот Зоран Заев на Фејсбук соопшти дека преку „Фондација Заев – Едно општество за сите“ испратена е хуманитарна помош од 20 тони македонски производи за потребите на вооружените сили на Украина, како и за сите оние на кои тоа навистина им е потребно во земјата во која владее војна.

 

 

Back to top button
Close