Јуни потпросечно топол и врнежлив

 Потпросечно топло и потпросечно врнежливо било во јуни годинава во споредба со минатите години. Средномесечните температури во јуни биле пониски за 0,5 степени на ниво на држава во споредба со периодот од 1981 до 2010 година.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, средната месечна температура во јуни варирала од 14,2 степени во Маврово до 23,7 степени во Гевгелија.

Највисоката максимална температура била 37,7 степени и е измерена во Гевгелија на 29 јуни, а најниската утринска температура била два степена и е измерена на 3 јуни во Маврово.

Во текот на јуни се регистрирани и натпросечен број на денови со нестабилна облачност. Месечната сума на врнежи варирала од 9,7 милиметри во Прилеп до 88,4 милиметри во Крива Паланка. Максималната дневна сума на врнежи од 34 милиметри е регистрирана во Крива Паланка на 11 јуни.

Десет дена во месецот било дејствувано со авионско засејување на градоносни облаци со што е спречена појава на град.

Споредено со јуни во периодот 1981-2010, годинашната месечна сума на врнежи е 24 проценти помала од просечната на ниво на држава.

Back to top button
Close