Уништени речиси 100 килограми небезбедно месо од ресторани и месарници во Куманово

Околу сто килограми небезбедно месо и месни подготовки уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при вонредни надзори на ресторани, месарници и маркети во Куманово.

При надзорите во посочените објекти во Куманово, инспекторите утврделе низа недоследности како продажба на замрзната чорба, пуштање во промет на замрзнати подготвени месни производи како плескавици и ражничи, подготовки од месо без декларација. Меѓу недоследностите наише и на измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација.

„Изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1 000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна“ информираат од АХВ.

Од Агенцијата информираат дека со вонредниот инспекциски надзор биле опфатени и два големи супермаркети кај кои не биле утврдени неправилности

Back to top button
Close