Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Македонија – ќе ја пречека Мицкоски

Денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе ја пречека претседателка на Европската Комисија на Европската Унија, Урсула Фон дер Лајен.

Според информациите од Владата, пречекот е закажан за 11:20 часот, додека пак во 11:30 часот предвидена е и тет-а-тет средба.

Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Потоа, во 12:40 часот предвидена е заедничка прес-конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.

Back to top button
Close