Уште еден министер во Владата на Србија поднесе оставка поради трагедијата во Нови Сад
Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, поднесе оставка.
„Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија. Благодарен сум на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ за довербата и наградата. За него и за Србија секогаш сум таму“, вели Томислав Момировиќ во писмената оставка што му ја достави на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
Томислав Момировиќ беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Ана Брнабиќ од 2020 до 2022 година, по што во два мандати беше избран за министер за внатрешна и надворешна трговија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека поради трагедијата во Нови Сад очекува оставки во Владата и на други места и мерки од обвинителството што е можно поскоро