Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани.

Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Приведени се вкупно три лица.Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

И дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, одговарајќи на новинарски прашања во рамки на неговата денешна посета на мавровско-дебарскиот крај потврди дека има нови детали за минатонеделното убиство на матичниот лекат во Железара. „Да, има нови моменти, има веќе и трето лице приведено, ќе се врши полиграфско испитување и ќе се направи совпаѓање на доказите на лицата кои се приведени. Доколку имаме совпаѓање, ќе имаме и соодветна пријава.“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

Доцна синоќа полицијата вршеше претрес во скопска Автокоманда. Приведе двајца, кои се се уште на распит во полициска станица. Од Јавното обвинителство не откриваат многу детали, но велат дека мотивите допрва ќе се утврдуваат.

 

Back to top button
Close