Уште еден земјотрес вечерва почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово и Србија.

Според информациите на ЕМСЦ земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 9 километри од Врање.

Граѓаните се огласија на социјалните мрежи и, како што велат, ова е четврти земјотрес од синоќа.

„Добро удри! Немаше нишање, повторно вертикално“, сведочи жител на Врање кој го почувствувал потресот, пренесува „Б92“.

„Силно, но кратко“, се дел од коментарите на корисниците на EМСЦ.

Земјотресот бил почувствуван во делови од Македонија, Србија, Косово и Бугарија.

Претходно утрово, земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Србија, а беше почувствуван и во соседството.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close