Љутков донесе политичка одлука и назначи за директор партиски човек. Вработените во Македонска филхармонија не го прифаќаат
Љутков денеска донесе политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дисквалификува, тој реши на незаконски начин да го назначи за директор, кандидатот кој на конкурсот не ги достави сите потребни документи и со тоа ги прекрши условите припишани во Законот за култура и во самиот конкурс“ соопшти денеска од Синдикатот на Македонска филхармонија.
Оттаму порачуваат „Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков кој наместо да ги почитува законите реши до крај да го истера меѓу партискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ. Нашето единствено барање до Љутков беше конкурсот да се спроведе на законски и транспарентен начин и да се избере кандидатот кој ги исполнува сите услови“.
„Не ни беше важна етничката припадност и на самиот почеток се оградивме од ваквиот наратив. За разлика од нас, уште вчера, пред официјално да биде доставено решението за назначување во нашата институција, албански портали пренесоа дека Мустафа Имери ќе биде прв Албанец на чело на Македонската филхармонија чии „врати досега биле херметички затворени за Албанците”. Ги осудуваме сите изјави кои имаат националистичка позадина, бидејќи нам не ни е важна етничката припадност на идниот директор, туку неговиот капацитет и способност да ја води најстарата културна институција во земјата“ велат од Филхармонија.
Сметаат дека „Мустафа Имери не ги исполнува тие услови и е избран на незаконски начин. Затоа, ќе престанеме со работа и ќе протестираме се додека не се промени оваа одлука“.