Утре почнува изборната кампања

Изборната кампања за локалите избори закажани за 17 октомври ќе почне утре и ќе трае 20 дена пред денот на изборите.

Вториот круг на изборите, пак, ќе се одржи на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 29 октомври.

Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници.

Партиите настапуваат самостојно или во коалиции, во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори.

На изборите ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани и за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите.

 

Back to top button
Close