Утре предупредувачки протест на вработените во ГОБ „8ми Септември“

Со цел да го изразат своето незадоволство, утрешната законски предвидена пауза вработените во ГОБ „8ми Септември“ ќе ја заменат со протест.

Ги повикуваат сите колеги да им се приклучат и уверуваат дека нивните утрешни активности нема да го нарушат работниот процес во болницата.

Од Синдикатот на здравствената установа велат дека врз нив се врши притисок за да не преземаат никакви активности, но велат дека тоа нема да ги премисли.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи.

Проблемот со платите дојде по сајбер нападите на Фондот за здравство, при што оваа институција речиси целосно е парализирана.

Првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски уверува дека решение е изнајдено и повика на трпение.

Back to top button
Close