В.д градоначалникот Крстевски им даде 30 дена период на угостителите да ги прилагодат летните тераси според законските прописи – Во спротива насилно рушење на објектите

На состанокот на сопствениците на угостителските објекти им беше речено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска постапка за фирма која ќе ги отстрани нелегално изградените објекти.

Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив посочи Крстевски.

Исто така, на средбата угостителите кажаа дека повеќе години работат на овој принцип затоа што некој така им дозволил тоа да го прават, а редовно ги подмируваме сите давачки кон државта, но и Општината.

Целта на отстранувањето на нелегалните работи е да им се олесни пристапот на протипожарната служба, како и на амбулантата и полицијата.

Back to top button
Close