Валериј Зуб се сретна со парламентарна делегација

Една од важните области на билатералната украинско-македонска соработка е меѓупарламентарната соработка, додека водечката улога во овој процес ја играат парламентарните „групи за пријателство“.
Денес, во работна посета на Скопје престојуваа членовите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија, предводена од нејзиниот копретседател Валериј Зуб. Програмата за работни контакти и преговори на делегацијата со нејзините македонски колеги е богата и динамична.
Особено, на 10 јуни се одржа средба меѓу украинските парламентарци со претседателот на Собранието (Парламентот) на Северна Македонија Талат Џафери и членовите на „групата за пријателство“ со Украина.
Страните дискутираа за идните чекори за развој на украинско-македонскиот меѓупарламентарен дијалог, како и за проширување на соработката и интеракцијата во областа на европската и евроатлантската интеграција на двете земји.
Покрај тоа, украинските депутати го претставија новиот меѓународен формат за деокупација на Крим – Кримската платформа и ја поканија македонската страна да земе учество во активностите на парламентарната димензија на оваа иницијатива. За возврат, г-динот Џафери ја повтори поканата до Претседателот на Врховната рада на Украина Дмитро Разумков да оствари официјална посета на Република Северна Македонија.
Во услови со ситуацијата со COVID-19, важно значење добива меѓународната соработка, особено меѓупарламентарната. Оваа тема доминираше за време на преговорите на парламентарната група на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Северна Македонија со членовите на Комисијата на Собранието на Северна Македонија за здравство и нејзиниот претседател Арбен Зибери, кои се одржаа денес при посетата на украинските депутати во Скопје.
За време на состанокот, украинските депутати – членови на Комитетот на Врховната рада на Украина за национално здравство, медицинска нега и здравствено осигурување ја истакнаа важноста од интензивирање на соработката меѓу државите во трансформацијата на здравствениот систем, особено во услови на потреба од зајакнување на медицинската заштита во врска со тековната пандемија COVID-19.
За време на посетата на парламентарната делегација на Украина во Скопје, украинската делегација се сретна и со Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче. Во рамки на дијалогот, страните разменија детални информации за спроведување на масовна вакцинација во обете земји како одговор на пандемијата COVID-19.
Се договоривме за конкретни заеднички проекти во областа на здравството.