Вардар и Црвена ѕвезда играа за Кочани
Во хуманитарен натпревар за погодените од трагдеијата во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1.
Иако резултатот на овој натпревар не беше во прв план, двете екипи одиграа добар натпревар, а фудбалерите на Вардар беа достоен противник на гостите од Србија.
Вардар поведе преку Маневски во 28.минута, до крајот на полувремето „црвено-белите“ направија резултатски пресврт со погодоците на Илиќ и Катаи. Конечниот резултат го постави Урош Сремчевиќ во финишот на мечот.
На полувремете на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ продефилираа легенди на двете екипи. Публиката имаше можност да ги поздрави: Кочо Димитровски, Ванчо Балески, Ѓоре Јовановски, Зоран Бошковски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон, Драги Канатларовски, Јовица Николиќ, Светислав Караси, Горан Попов.
Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за семејствата на жртвите и повредени во големиот пожар во дискотеката во Кочани.