„Вашингтон пост“: Илон Маск барал од Трамп да ги укине царините
Милијардерот Илон Маск лично побарал од Доналд Трамп да ги повлече царините што ги објави минатата недела, објави „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на два неименувани извори, весникот наведува дека ова е најголемото несогласување досега меѓу извршниот директор на „Тесла“ и американскиот претседател.
Апелот на Маск дојде откако Трамп објави основна царина од 10 отсто за целиот увоз од САД, со дополнителни зголемувања за десетици земји.
Маск, кој исто така го предводи американското Министерство за ефикасност на владата, и претходно повикуваше на укинување на царините меѓу САД и Европа.
„Тесла“ забележа голем пад на продажбата во последниот квартал, делумно поради негативната реакција на улогата на Маск во администрацијата на Трамп. Акциите на компанијата се затворија вчера на 233,29 долари, што е намалување за повеќе од 42% од почетокот на годината. Маск претходно изјави дека „значајно“ е влијанието на царините врз „Тесла“.