ВД реисот Фетаху близок на сменетиот Реџепи и на ДУИ

Поставениот вд Реис, досегашниот муфтија од Гостивар, Ефенди Шаќир Фетаху според извори во ИВЗ е човек од доверба на сменетиот Сулејман Реџепи а двајцата наводно инклинираат кон владејачката ДУИ.

Смената на реисот Реџепи е по скандалот за кој пишуваа медиуми на албански јазик за криминали во ИВЗ а чашата ја прелеала женидбата на 74-годишниот Реџепи со 24 годишната Емина Јетиши, потпредседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.  И таткото на новата сопруга на Реџепи е локален функционер на ДУИ – претседател на огранок во Драчево.

На фотографијата во продолжение може да се видат стариот и новиот (в.д.) муфтија во друштво на Невзат Бејта од ДУИ.

Повлекувањето на Реџепи од челната позиција на ИВЗ е да се намали срамот меѓу верниците и да се превенираат евентуално уште по скандалозни приказни но наводно и снимки поради кои екс реисот морал да се повлече од функцијата.

ВД реисот, муфтијата од Гостивар, е брат на универзитетскиот професор во Тетово, Милаим Фетаху поранешен член на АВМУ на предлог на ДУИ а сега на листата за амбасадор во Хрватска на владината листа како предлог на ДУИ.

Back to top button
Close