Велика Британија не го продолжува периодот на транзиција за договор со ЕУ

Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција за време на кој треба да се договори иднината на односите со Европската унија, а кој изминува на крајот на годината, изјави британскиот државен секретар Мајкл Гов.

„Официјално потврдувам дека Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција. Моментот за продолжување мина и на 1 јануари 2021 година ќе ја вратиме контролата и нашата политичка и економска независност“, напиша Гов на Твитер.

После неколку недели, в понеделник продолжуваат преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идните односи откако земјата ја напушти Европската унија.

Back to top button
Close