Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја. Според главниот обвинител Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал. Зад нападот стојат опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и двајца други познати противници на венецуелската влада, тврди Сааб. Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија, се вели од Обвинителството.

По гласањето во неделата, Изборната комисија прогласи победа на авторитарниот претседател Николас Мадуро со 51,2% од гласовите. Опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес, според Изборната комисија, добил 44,2% од гласовите. Опозицијата не ги признава резултатите и ја обвинува власта за изборна измама. Сомневања во официјалните резултати изразија и САД и низа латиноамерикански држави. Во истражувањата на јавното мислење пред изборите се исцртуваше јасна победа на опозицијата.(dw)

Back to top button
Close