Венко Филипче води 3 спрема 1 однос на другите кандидати за лидер на СДСМ

Во моментот се пребројуваат гласовите, а кандидатот за лидер и поранешен министер за здравство Венко Филипче води 3 спрема 1 во однос на другите кандидати за лидер на партијата, пренесе Фокус.

СДСМ денеска избира претседател на партијата. 23 000 членови ќе избираат помеѓу четворицата кандидати, екс министерот за здравство Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и заменик министерот за информатичко општество Александар Бајдевски.

Од Централната изборна комисија денеска потврдија дека се е подготвено за фер и демократски изборен процес

Back to top button
Close