Венко Крстевски е избран за в.д градоначалник на Кочани
Со 9 гласови ЗА и еден ВОЗДРЖАН, на денешната седница на Советот на Општина Кочани за в.д градоначалник е избран незавинсиот советник Венко Крстевски.
Гласањето се одвиваше во два круга, во двата резултатот беше идентичен, Крстевски доби 9 гласови ЗА, а неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марковски доби 8 гласови ЗА.
По гласањето советниците му порачаа на Крстевски „памет во глава“, а истиот истакна дека е отворен за соработка со сите политички партии и пред се со сите граѓани.