Ветер и магла

????????????????????????????????????
Од таа изборна летаргија, некако незабележано помина веста дека германска компанија ќе инвестира пола милијарда евра за изградба на ветерници за производство на струја во Македонија. Тоа е најголема инвестиција во земјава од независноста досега и најголема инвестиција во енергетиката од пуштањето на првиот блок на РЕК Битола во 1982 година. Ама, како можеш да ја сфатиш вистинската димензија на германската инвестиција во енергетската иднина на Македонија, покрај илјадниците партиски проекти за општините истурени по изборните митинзи пред лојалното партиско членство? Што се 500 милиони евра во германски ветерници, наспроти ветерот и маглата на партиските лидери и кандидатите за градоначалници. Договорот за стратешко партнерство со македонската влада е склучен за 45 години. Ќути, барем Германија следните 45 години ќе се секира за нас. А ние дотогаш, со себап, можеби ќе научиме барем како се нивелираат шахтите на улиците. Има уште една добра причина зошто не успеавме да ја согледаме вистинската димензија на германската инвестиција во македонскиот енергетски сектор. Јака конкуренција на таа вест се обновените надежи на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, дека до крајот на октомври ќе продолжат преговорите со Бугарија, а до крај на годината ќе започнеме преговори со ЕУ. Оптимизмот веројатно го темелат на фактот дека на претседателските избори на 14 ноември во Бугарија се пријавиле само 23 кандидати. А надежта дека Бугарија ќе го симне ветото Заев и Османи ја подгреваат со фактот дека Бугарија уште нема влада, па на 14 ноември ќе имаат трети парламентарни избори за последните 8 месеци
Целата Колумна на Горан Михајловски СДК.мк

Back to top button
Close