(ВИДЕО) 360° Слаб интерес кај излекуваните од ковид-19 за дарување крвна плазма: ефектите кај болните се чинат добри

Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма од оздравени е еден од најнадежните методи за лекување на лицата кои развиваат потешка клиничка слика од коронавирусот.

Процесот функционира на тој начин што антителата кои се борат со вирусот од крвта на оздравените преку трансфузија се внесуваат во телото на болно лице кое така се стекнува со способност полесно да се справи со Ковид-19.

360 Степени“ открива дека има херои и во Македонија кои откако ја победиле болеста донираат крвна плазма за да им помогнат на болните, но, за жал, нивниот број е многу мал.

Back to top button
Close