(ВИДЕО) Алек Болдвин го уби директорот на фотографија  и го рани режисерот за време на снимање

Aктерот Алек Болдвин со реквизитно огнено оружје го уби неговиот директор на фотографија и го повреди режисерот за време на филмски сет.

Официјални лица потврдија дека се застрелани Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот „Рѓа“ и режисерот Џоел Соуза.

Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што и починала, додека пак режисерот Соузасо возило на брза помош бил пренесен во Регионалниот медицински центар и е задржан на понатамошно лекување.

Снимањето на филмот е прекинато.

Портпаролот на актерот Болдвин изјави дека се случила несреќа на сетот при погрешно пукање со реквизит пиштол.

Болдвин бил испрашан од истражителите. Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа… пукна со пиштол… несвесен дека во него има вистински куршуми“.

Снимањето на филмот „Рѓа“ требаше да продолжи до почетокот на ноември

Back to top button
Close