(ВИДЕО) Андоновиќ: За Русија влезот на Шведска и Финска во НАТО нема никаков значај ?

Русија е толку моќна воена и политичка сила што овие земји немаат никакво значење во глобална стратешка смисла.

Вака гласи првичната реакција на официјална Москва по согласноста на Турција да дозволи алијанста ада се прошири со упте две нови земји членки, односно неутралните Шведска и Финска.

Според , шефот на комисијата на Советот на Федерацијата за заштита на државниот суверенитет Андреј Климов учеството на северните соседи на Русија во алијансата „нема да ги подобри“ нивните односи со Москва. Во исто време, и Шведска и Финска имаа одредени придобивки од нивната неутралност, а со зајакнувањето на воената инфраструктура на нивната територија „ќе си направат проблеми“, смета Климов.

И покрај неколкунеделното противење, Турција конечно одлучи да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО, До пресвртот во одлуката на Анкара дојде откако трите земји потпишаа меморандум за „да се обезбеди целосна поддршка против безбедносните закани за сите три земји“ по состанокот на самитот на НАТО во Мадрид.

Финска и Шведска во вторникот потпишаа трилатерален меморандум за разбирање со Турција, ветувајќи дека ќе ја решат безбедносната загриженост на Анкара во врска со нивниот став кон терористичките групи ПКК и ФЕТО, отворајќи го патот за нивното членство во НАТО

,,Финска и Шведска потврдуваат дека ПКК е забранета терористичка организација. Финска и Шведска се обврзуваат да ги спречат активностите на ПКК и сите други терористички организации и нивните проширувања, како и активностите на поединци во сродни и инспирирани групи или мрежи поврзани со овие терористички организации. Турција, Финска и Шведска се согласија да ја зајакнат соработката за да ги спречат активностите на овие терористички групи. Финска и Шведска ги отфрлаат целите на овие терористички организации, нешто што во минатото не беше пракса. Финска и Шведска се обврзаа и да го отфрлаат и осудуваат тероризмот во сите негови форми и манифестации. Финска и Шведска недвосмислено ги осудуваат сите терористички организации кои ја напаѓаат Турција и ја изразуваат својата најдлабока солидарност со Турција и семејствата на жртвите.

Со оваа одлука практично алијасната се засилува со уште две нови членки. И Шведска и Финска имаат силни и добро обучени армии, што дополнително ќе направи притисок врз ионака тензичната атмосфера на релација НАТО -Русија.

 

 

 

Back to top button
Close