(ВИДЕО) Автомобил се удри со друг автомобил па со голема брзина влета во кафуле

Најмалку седум лица се повредени кога автомобил со голема брзина влетал во кафуле откако прво се судрил со друг автомобил во центарот на италијанскиот град Торино.

Возилото направило голема штета, додека луѓето внатре уживале во појадокот.

Повредените со полесни повреди се пренесени во болница, но нема информации за сериозни повреди. Меѓу повредените, покрај возачот, има и тројца муштерии.

Конкретно, еден од нив имал потешкотии бидејќи не успеал навреме да излезе од кафулето, по што останал на вратата, токму во моментот на судирот.

Според информациите, автомобилот влетал со брзина од 115 километри на час.

– Можеше да биде вистински масакр, можеше да загинат најмалку 10 луѓе. Се надеваме дека наскоро ќе успееме да го отвориме кафулето со оглед на големата материјална штета – изјави ќерката на сопственикот на кафулето Симона Карастро.

Полицијата се уште ги утврдува сите околности на несреќата

Back to top button
Close