(ВИДЕО) Бајден направи нов гаф – го претстави Зеленски како Путин, Камала Харис како Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден направи голем гаф кога ги помеша потпретседателката Камала Харис и неговиот претходник Доналд Трамп на внимателно следената прес-конференција на самитот на НАТО.

Бајден го направи гафот набргу откако на друг настан ги помеша рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот водач Володимир Зеленски.

„Видете, јас не би го избрал потпретседателот Трамп за мој потпретседател ако не мислев дека е квалификувана да биде претседател“, рече Бајден одговарајќи на новинарски прашања.

 

Back to top button
Close