ВИДЕО | Биљали: Некој во ЕУ и намигнува на Бугарија да ја држи рампата спуштена

Мислам дека проблемот е комплициран и ова што се манифестира сега е резултат на таа комплицираност. Мора да се сложиме околу констатацијата дека ЕУ не е таа што беше пред дваесет години кога владееше оптизмитот за проширување. 2003 начелно беше констатирано дека на земјите од Западен Балкан, местото им е во ЕУ. Потоа 2004 имавме големо проширување итн. Но реално веќе не е така. Многу проблеми се имаат случено во рамките на тоа што е функционалност на ЕУ. Ковидот е шлаг на тие проблеми, имавме Брегзит, бегалска криза. Јавноста посебно во западниот дел од ЕУ е изгледа заситена, алергична на зборот проширување. Нешто како здодевна песна која не не е омилена да се слушне, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор и аналитичар Мерсел Биљали и додава дека тоа што се случува со Бугарија е резултат на тоа.

 

-Не верувам дека бугарската страна во така тенка област како што се идентитетските прашања има сила самостојно да стави вето. Без оглед тоа што високите претставници на ЕУ не тапкаат по рамо, реално некој намигнува дека треба да се држи рампата спуштена. Значи не е проблем само со Република Северна Македонија. Црна Гора 11 години преговара а помалку од 40% од работите се завршени. Романија и Бугарија пак преговараа 5 или 6 години, вели Биљали.

-Мислам дека една од поголемите сили на ЕУ иако декларативно се изјаснува за поддржување и на Македонија и на Албанија го прави тоа. Но реално не треба да фатализираме ние одвакви состојби. Едноставно не треба да ги воздигнеме очекувања на нереално ниво. Мора да имаме сериозни анализи што се случува во ЕУ, за да може политиките да ги водиме во таа насока. Мислам дека, ако добро се изанализира, ЕУ не е подготвена во наредните 10 години ниедна држава да прима во своите редови, додава Биљали и се прашува зошто ние по секоја цена мора да имаме некои Да, па дури и да ги започневме преговорите.

-Ние формално правно имаме многу исполнето, но реално ќе ви кажат да, правите добри закони, но во фактичката состојба не стоите толку добро. Мерит системот ни е само декларативен, реално не функционира, само врските функционираат. И во судството е исто и тоа странците го гледаат. Не можеме да се пофалиме дека ние се исполнивме и дека ЕУ е за се виновна, вели Биљали.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Back to top button
Close