ВИДЕО: Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил

Американската пејачка Били Ајлиш објави на Инстаграм дека нејзиниот нов, трет албум ќе носи наслов „Hit Me Hard And Soft“. Ќе биде издаден на 17 мај оваа година, во дигитални и ограничени физички верзии.

Според официјалната страница на Ајлиш, ова издание ќе биде објавено на осум различни винил-опции произведени „со најодржливите практики“ што се на располагање.

„Стандардната црна варијанта е направена од 100 отсто рециклиран црн винил. Останатите седум обоени винили ќе бидат направени од ‘Еко-микс’ (ECO-MIX) или ‘биовинил’ (BioVinyl). Првата е создадена со помош на 100 отсто рециклирана мешавина направена од остатоци од секоја боја, што не може да се користи на друг начин. Овие парчиња се рециклираат и повторно се користат за да се направат нови дискови, така што секој диск ќе биде уникатен и ќе изгледа различен од другиот“, се вели во описот.

Инаку, „биовинилот“ помага во намалување на испуштањето јаглерод за 90 отсто во споредба со производтвото на првичниот винил.

 

Back to top button
Close