(ВИДЕО) Бислимовски: Се укинува евтината струја преку ден, а од 1-ви јануари ќе поскапи за 9,48%

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Како што рече Бислимовски на прес-конференција, ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење.

– Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, истакна Бислимовски.

Според него, евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање.

 

Back to top button
Close