(ВИДЕО) Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста, ама „услугата“ не му била завршена

 

Тој заедно со лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија одржа прес-конференција на која кажа дека сите 18 лица за кои се бара вработување не само што не се потребни во болницата, туку дел од нив се проблематични. Едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборантот урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

 

 

-Дискутиравме на стручен колегиум за ова и во записникот ќе видите дека баравме истиот во моментот да биде суспендиран. За жал и ден денеска уште се врти на работа. Ние како стручен колегиум и како лекарски колегиум го дискутиравме ова и зазедовме став дека тоа лице повеќе не смее да биде тука. За жал организационата директорка и понатаму го тера да доаѓа на работа. Еве го, тука е, рече професор доктор Беќаровски.

Доктор Беќаровски додаде дека 18 луѓе без никаков договор доаѓаат на работа иако од 31 декември не би требало да доаѓаат.

Дека овој човек (болничарот) уште оди на работа потврди и самиот, пред камери каде изјави дека „тој само прашал дали може да биде сменет резултатот и да му се помогне на негов познаник“, ама резултатот не бил сменет, туку лаборантот го одбил за „услугата“.

Во целата бизарна ситуација, лаборантот бил лут на екипата на „Слободен печат“ затоа што објавиле дека трпел притисоци.

Повеќе

 

Back to top button
Close