ВИДЕО: Четири „бомби“ за Ден Дончев

Три нови аудио и уште една видео-снимка се објавени утрово на Јутјуб, на линк наречен „Раце лепливи“.

На снимките се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, кој поднесе оставка во почетокот на кризата со коронавирусот.

Аудио-снимките може да се слушнат на следниот линк, на кој е објавена и видео-снимка, од која може да се забележи како Дончев зема пари во готовина и ги става во торбa.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека разбрал за снимките пред денешната прес-конференција во партиското седиште. Тој рече дека за содржината на снимките треба да се праша лично Дончев.

Вo контекст на споменувањето и на адвокатот Филип Медарски, Заев рече дека знае дека тој бил вклучен во предмет со „Тотал ТВ“.

-Секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува, а кој е мој адвокат, многу често ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со ‘Тотал ТВ’, каде што сопственици меѓу себе имале пријави до полиција и слично и полицијата постапувала. Секако, ќе си каже и Ден Дончев. Не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки –изјави Заев.

извор: 360 Степени

Back to top button
Close