ВИДЕО: Членови на семејства кои се лекувале во клиниката го пречекаа Жан Митрев со транспаренти, тој обвинува за хајка 

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска пред Кривичниот суд со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого утрово беше закажан нов почеток на судскиот процес против него и против неговата клиника за кривично дело „измама“.

Членовите на семејствата носеле транспаренти на кои пишува “Профитер на грбот на болните” и „Бараме правда”.

До медиумите веднаш стигна соопштение од клиниката „Жан Митрев“ со реакција дека против лекарот и неговата клиника се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение.

-Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината.

Следното рочиште е закажано за 12 мај.

Back to top button
Close