Видео Д-р Мехмедовиќ е песимист: Нѐ чека тешка есен со коронавирусот, кампањата и изборите нема да помогнат

Намалувањето на дневните температурите и предизборните собири ќе ја влошат епидемиолошката состојба, смета лекарот Злате Мехмедовиќ, кој е песимист и вели дека нѐ очекува тешка есен и зима со делта-сојот на коронавирусот, кој е попренослив и позаразен.

Д-р Мехмедовиќ, во изјава за ТВ21, констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

За влошување на состојбата, според д-р Мехмедовиќ,ќе придонесат и митинзите кои се одржуваат како дел изборната кампања, на кои може да се забележи масовно непочитување на заштитните мерки и протоколите.

До вчера вкупно 726 625 македонски граѓани се вакцинирани со две дози, а 181 граѓанин веќе има примено и трета доза. Според бројот на аплицирани вакцини, имунизирани се 38 отсто населението, додека 35 отсто примиле две дози од вакцината.

Back to top button
Close